Нападната полициска станица
Десетина млади лица рано изутринава со неколку молотови коктели нападнаа полициска станица во централниот атински кварт Зографу, јавија грчките медиуми. При нападот нема повредени, но се оштетени влезот во станицата и еден полициски автомобил паркиран пред зградата. Денешниот напад следи по неколкуте судири меѓу млади анархисти и полицијата изминативе денови во Атина.