Познатата манекенка Наоми Кембел (49) обожава да патува, често објавува фотографии и видеа на кои се гледа колку внимава на својата хигиена, а сега покажа дека ги презела сите мерки против коронавирусот.

Таа минатата година објави видео во кое го дезинфицира своето седиште во авионот и видеото веднаш се рашири низ сите медиуми, а сега откри детални методи за тоа како има намера да се заштити од коронавирусот.

Убавата Британка објави фотографија на која е непрепознатлива бидејќи е облечена во бел заштитен костим, носи очила, сина маска на лицето и розови хируршки ракавици.

На аеродромот на кој позирала во костимот, никој не ја препознал.

„Безбедноста е на прво место на повеќе нивоа. Целото видео наскоро ќе го објавам на Јутјуб“, напиша една од најпознатите манекенки на нејзиниот профил на „Инстаграм“.

Супермоделот често на социјалните медиуми споделува методи за хигиенска заштита затоа што, како што вели, здравјето е најважно.

Таа истакна дека сака да патува и дека нема да се откаже од тоа, но секогаш внимава на безбедноста на своето здравје и тоа го советува и на другите фреквентни патници.

извор: Makfax