x

Нант и Лазаров повторно поразени од Мотор

kire

Кирил Лазаров и Нант не успеаја да му се одмаздат на Мотор Запорожје за поразот на домашен терен. И овој пат двата тима понудија неизвесна пресметка, украинскиот состав на крајот успеа да слави со 29-28.

Францускиот тим имаше шанса за победа во последните десет минути имаше водство од 22-25, а потоа 24-26 и 25-27. Мотор направи серија од 4-0 за 29-27. На другата страна Кире и соиграчите не најдоа начин да се вратат и барем да дојдат до реми.

За Нант ова беше петти пораз во Лигата на шампионите, во која има уште две победи и се наоѓа на шестото место на табелата во групата Б. Ова беше последен натпревар оваа година во ова натпреварување.

Капитенот на македонската репрезентација зад своето име запиша три гола од седум обиди.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата