Предраг Димитровски новинар во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа што ќе се случува понатаму во државата како резултат на пандемијата  при што посочи дека целата оваа ситуација покажува дека како систем сме празни, неподготвени за вакви ситуации.

-Еве една споредба денеска имаше  една информација дека за високите државни функционери биле потрошени над 8 милиони евра за автомобили. Претворете ги тие 8 милиони  евра во таблети за децата или wi-fi системи по руралните средини за да биде достапно дигиталното образование и за тие средини.Само една паралела да се направи што има приоритет во државата во однос и на здравјето и во образованието. Не чека голема неизвесност и на здравствено поле и на образовно поле и пред се на економско поле, додаде тој.