Претседателот на Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип, преку фејсбук статус ја обвини општината дека за време на светска пандемија, наместо да набави медицински средства, набавува цвеќиња.

„Додека секаде во светот се набавуваат маски, ракавици, средства за дезинфекција, Општина Штип набавува цвеќиња. Да, добро слушнавте. Во периодот на здравствена и економска криза, нашата Општина се дрзнала да набавува цвеќиња за декорација и тоа во износ од 118.000 денари.

За случајот да биде уште поинтересен, добитник на набавката е компанија, блиска до СДСМ. Но, она што остава впечаток е растењето на цената за истата набавка низ годините.

Ако општината во 2018 година од истата компанија набавила цвеќиња за 24.000 денари, во 2019 набавката изнесувала 100.000 денари, а на ден 25.03.2020 година, кога светот ја води најжестоката битка, локалната самоуправа склучува договор на високи 118.000 денари за цвеќе.

Прашањата кои треба да се одговорат пред јавноста се – што се промени низ годините, за да се зголеми потребата на општината за цвеќиња?
Дали ова е нова мерка на локалната власт за поддршка на фирми блиски до СДС?
Дали во време на рецесија, најитна беше потребата од набавка на декоративно цвеќе?
Наместо кратење и редуцирање на непотребните трошоци, ова е одговорот и односот што го добија граѓаните на Штип од локалните власти во време на криза, напиша Јорданов на Фејсбук.