Конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“, објавил град Скопје пред три дена. Колку ќе чини реализацијата на проектот не се открива во огласот, затоа што сега се избира идејното решение.

За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава, пишува „Фактор.мк“