Српскиот репрезентативец Александар Пријовиќ, кој остана без 20 милиони евра откако саудиски Ал Итихад му го раскина договорот поради прекршување на правилата за карантин и доби три месеци куќен притвор сега направи уште поголема глупост – излезе од дома за да се забавува.

Иако има уште еден месец да го одлежи дома во куќен притвор, Пријовиќ бил на свирка на еден белградски сплав каде што пеела Александра Пријовиќ, но тоа што е уште похаотично е стравот дека пејачката можеби го раширила Ковид-19, зашто вчера било потврдено дека е позитивна, а вирусот го закачила ден пред свирката на веселбата кај Светлана Цеца Ражњатовиќ, која доби внук од синот Вељко.

Адвокатот Небојша Перовиќ посочил дека Пријовиќ ќе мора да оди во затвор за прекршувања на куќниот притвор, зашто иако има дозвола од неколку часа дневно да излегува, таа мерка за прошетка не важи за навечер.

„Ако лице кое е во куќен притвор самоволно го напушти местото каде ја одлежува казната во траење од шест часа или двапати од по шест часа, одговорното лице треба веднаш да го извести судот кој ја донел првостепената пресуда. Судијата најдоцна во рок од 24 часа треба да донесе одлука остатокот од пресудата, прекршителот да го одлежи во затвор, а ако не е достапно да издаде потерница. Сега на судот е да утврди дали Пријовиќ самоволно излегол, а часовите за прошетка не важат за навечер“, вели Перович.

Српскиот напаѓач доби тримесечна казна куќен притвор зашто го прекрши правилото за карантин и јавен собир, откако бил фатен на забава во лоби во хотел, како се пијанчи. Пријовиќ тогаш го призна делото и доби „полесна казна“, ама не успеа очигледно да издржи седејќи дома.