Дефицитот е намален за 5,8 отсто во однос на првите три месеци лани, благодарение на значително поголемиот раст на буџетските приходи во однос на трошоците.

Примарниот јавен финансиски дефицит, без трошоците за каматите на кредитите и издадени во гаранции, во првиот квартал е проценет на 100 милиони евра, односно 1,1 отсто од БДП, додека лани во првиот квартал изнесувал 216 милиони или 2,5 отсто од БДП.