Владата денеска усвои предлог-одлука со која се намалуваат цените на одреден број лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од 5% за топлинска енергија за греење.

Од владината прес-служба информираат дека станува збор за предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.

извор: Makfax