x

Наинголан барал да оди повторно во Каљари

naingolan-kaljari

Раџа Наинголан, фудбалерот на Интер, наводно побарал повторно да игра за Каљари и за оваа сезона. Ова го потврди првиот тренер на Каљари, Еузебио Ди Франческо кој истакна дека разговарал со Наинголан, и тој искажал желба одново да игра за тимот од Сардинија.

„Среќен сум што Годин е подготвен да игра, а тука е и Раџа кој што сака да се врати во нашиот клуб. И ние го сакаме да се врати, но ќе видиме“, рече Ди Франческо.

Наинголан минатата сезона ја мина во Каљари, откако не се снајде во Интер како што посакуваше. Затоа не е исклучено да има уште една позајмица.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата