Над 9.000 црногорски државјани, кои престојуваат во Србија, годинава поднеле барање за добивање српско државјанство, што е четири пати повеќе во однос на лани. Меѓутоа, тоа не значи дека сите кои побарале прием во службите на МВР на Србија, ќе добијат и позитивен одговр.
По поднесувањето барање на одговор во просек се чека од три до пет месеци. Добра вест за сите баратели е намалувањето на административна такса од 10.000 динари на 1.250, а тие кои во меѓувреме поднеле барање по стара цена, парите ќе им бидат вратени во службите на МВР.