Најмалку 44 сириски војници и 40 припадници на силите кои се борат против владата, загинале во последните 24 часа, соопшти опозициската сириска Опсерваторија за човекови права.

Тие загинале во немири во долината на реката Оронте помеѓу Хама и Иллиб, се додава во соопштението, пренесе агенцијата „Анса“.

Информацијата не е потврдена од страна на владата и опозицијата во земјата.

 

извор: Makfax