Над 75 отсто играчки се кинески
Повеќе од 75 отсто од играчките во светот се од кинеско производство, а 60 отсто од тој процент влегуваат во САД, јавија државните кинески медиуми. САД, Европската унија и Јапонија продолжуваат да се потпираат на пазарот на кинески играчки, посочи Трговската комора за увоз и извоз на стоки за широка потрошувачка. Откако меѓународниот пазар е преплавен со кинески играчки, сега овој стопански сектор прави напори да се пробие на домашниот пазар, во кој се вклучени 286 милиони корисници на возраст под 14 години. Во Кина со произведување на играчки се занимаваат 8.000 претпријатија со производство вредно 6,25 милијарди долари годишно. /МАКФАКС/