Повеќе од 600 илјади државјани на Бугарија би го продале својот избирачки глас во замена за пари, покажува резултати на анкета спроведена од „Галуп“.

Истражувањето било направено откако во јавноста се прошириле гласини дека во Бугарија може да се купи глас за сума од 75 до 100 евра.

Според анкетата, 11 отсто од испитаниците признале дека би земале пари за да гласаат за одреден кандидат или партија.

Тоа соодветствва на бројка од 600.000, од вкупно 5,5 милиони Бугари со право на глас.

извор: Makfax