Повеќе од 500 полицајци во Брисел се јавиле дека се болни и дека денеска нема да дојдат на работа, изразувајќи на тој начин незадоволство од условите за работа. Полицајците тоа го прават токму кога во Брисел се одржува клучен самит на ЕУ за брегзит.

Од нив 520 од вкупно 2.600 полицајци во полициската зона на Брисел се јавиле дека ќе бидат отсутни од работа поради болест, а претходниот ден на боледување биле 15 отсто.

Проблеми има и во соседниот полициски сектор каде работат 585 полицајци, каде во понеделникот три синдикати почнаа штрајк.

извор: Makfax