Повеќе од 50 медицински работници починале од коронавирус или воспаление на белите дробови во Казахстан, соопшти министерството за здравство.

„ Според нашите проценки, 51 наш колега е починат, 42 медицински работници се постхумно одликувани“ рекол шефот на комитетот за контрола на квалитет при министерството за здравство.

Претседателот на Казахстан, Касим-Јомарт Токајев прогласи вонредна состојба во земјата на 15 март. Градовите Нурсулта и Алмати се ставени во карантин. Вонредната состојба е укината на 11 мај, но мерките се задржани во некои градови.

Властите, поради зголемување на бројот на заразени, на 5 јули одлучија да воведат бројни дополнителни рестриктивни мерки на 14 дена.

Владата на 14 јули ги продолжи превентивните мерки до 2 август.

Досега, како што пренесува ТАС С, во Казахстан се регистрирани 65.188 заразени, 396 починати и 39.000 оздравени.

извор: Makfax