Во бомбашкиот напад во Кабул расте бројот на загинати. Според најновите информации, загинале 52 лица, меѓу кои 21 жена и пет деца.

Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на Исламска држава во Авганистан.

Нападот се случи во центарот за регистрирање во Кабул, за подготовките за долго одложуваните избори кои се планирани за октомври.

Талибаните и огранокот на Исламска држава во Авганистан ја сметаат за нелегитимна владата во Кабул и изборите кои таа ги организаира.

извор: Makfax