АД ”Македонски телекомуникации” ќе изврши надградба на софтверот на 12 телефонски централи во земјава и тоа на петте во Скопје, како и во Битола, Дебар, Кичево, Охрид, Прилеп, Ресен и Струга, за што вчера беше потпишан договор вреден 1,8 милиони долари со телекомуникацискиот гигант “Алкател”, чија опрема се користи во споменатите централи. “Со овој договор “Македонски телекомуникации” продолжуваат со инвестирањето на македонскиот пазар и прават зна- чаен чекор кон надградба на сопствената инфраструктура во пресрет на либерализацијата на телекомуникацискиот пазар. Телеком има најмодерна технологија што им овозможува врвни услуги на корисниците, но по оваа инвестиција тие ќе имаат и можноста за избор на сопствен оператор што ќе го пријават по повик”, истакнаа главниот извршен директор на “Македонски телекомуникации”, Атила Сендреи. Според потпретседателот за маркетинг и продажба на “Алкател” за Југоисточ на Европа, Амброџио Бандера, со договорот за софтверска надрадба на Телеком му е понудена можност за уште поголем развој преку модерна инфраструктура и подобрени услуги за корисниците. Се нудат и нови мож- ности за развој во областите на говорна пошта, повик на чекање, пренасо- чување и терминирање на повик, презентација на број и услуги за известување. Со софверската надградба “Македонски телекомуникации” ја исполнуваат обврската од купопродажниот договор според која, за да се либерализира пазарот, мораат на граѓаните да им овоможат да изберат чии услуги сакаат да користат, било во локалниот, било во меѓународниот сообраќај. Ваков софтвер, како што се најавува ќе биде надграден и во оние централи кои се на производителот “Сименс”.