x

Надал ни после 18 години нема да го освои Париз – падна пред Зверев

nadal-1-e1604773031410

Вториот светски рекет Рафаел Надал ги заврши настапите на Мастерсот во Париз во полуфиналето откако вечерва загуби од Саша Зверев со 6:4 и 7:5. „Бикот“ од Мајорка имаше лош настап, направи само еден брејк, за разлика од него Германецот беше посилен на сите удари, посебно на сервис. Со ас доби дури 13 поени.

А Надал, кој пред неколку денови токму на овој турнир стигна до 1000 победа во кариерата, повторно нема да има можност да го крене пехарот на парискиот Мастерс. Поточно од 2003 година кога Шпанецот застана на тениската сцена не успева да триумфира.

И минатата година беше запрен во полуфиналето (вкупно четири пати запиран во оваа фаза), а во 2007 изгуби во финалето oд Давид Налбандиан.

А за Зверев ова е прво финале на Мастерсот во Париз, а прво финале од серијата 1000 по Шангај во 2019 година. Во финалето кое ќе се игра утре ќе се соочи со Данил Медведев.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата