x

Надал најде изговор за елиминацијата

nadal

Рафаел Надал нема да го гледаме на завршницата во Рим, откако во четвртфиналето беше елиминиран од Аргентинецот Диего Шварцман во два сета (6-2 и 7-5). „Кралот“ на земјата по мечот ги објасни причините за поразот, вели дека е далеку од нивото и дека нема премногу изговори.

„Не бев на моето ниво, додека тој играше одлично, кога ќе се случи такво нешто, тогаш е реално да се загуби натпреварот. Одиграв два добри натпревари по паузата и сега еден лош натпревар, имав долга пауза и не играв долго време.

Не играв доволно добро и нема премногу изговори, тоа се фактите. Беше тешка вечер за мене. Условите беа лоши, беше многу влажно и топката не отскокнуваше како што треба. Тешко ми беше да ја играм мојата игра “, изјави Надал.

За Надал овој пораз ќе дојде како добра опомена пред Ролан Гарос кој почнува на 27. септември.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата