Сузана Гавазова, Јасмина Гуњова, Горан Кукиќ, Благоја Грујовски, Сања Петковска, Ирена Спасовска и Скопски Боеми… се само дел од музичките фолк имиња кои ќе настапат на овогодинешното издание на фестивалот “Валандово Фест”, кој ќе се одржи од 24 до 26 септември во целосно реконструираната сала ” Јанко Узунов” при Домот на културата во Валандово.

Наградниот фонд годинава е преполовен и изнесува 26.500 евра, односно премијата за најдобар рефрен е 10 илјади евра, второ место 7.500, а трето 5.000 илјади евра.

Парично ќе бидат наградени и оние што ќе добијат признија за најдобра вокална изведба, аранжман, сценски настап и дебитант. За секој од нив се обезбедени по 1.000 евра.

За најдобрите ќе одлучат гледачите преку телефонско гласање и стручно жири во сооднос 50:50.

Ова е 31- во издание на фестивалот, а лани победата ја однесе Нино Величковски.