Навистина ме изненадивте. Испратив само едно плико и имав голема среќа да биде извлечено токму тоа. Не очекував дека ќе бидам извлечена”- ни рече Вера Стефановска, која имаше среќа да се најде под реден број 61. на списокот на среќни добитници. Таа вчера ја посети Редакцијата, каде и си ја подигна паричната добивка. Вели дека парите добро ќе и дојдат, но се уште нема испланирано како и каде ќе ги потроши. “Немав врема да направам план за парите. Меѓутоа во овие тешки времиња, навистина убаво ќе дојдат за покривање на домашните трошоци за новогодишните празници”- одговори Вера, кога настојувавме да дознаеме како ќе биде искористено она со кое и се заблагодаривме на скопјанката за нејзината верност како наш читател. Во семејството на Вера Стефановска “Вечер” се купува редовно. “Најчесто весникот дома го носам јас, иако понекогаш знаат да купат и другите. Навистина ми се допаѓа весникот и едноставно си го сакам. “Вечер” е еден од најстарите весници и сега со новиот изглед е многу интересен. Особено ми се допаѓа за викендот кога како прилог го имаме и ТВ-око. Мислам дека е добро што еднаш неделно имате цела страница за хороскоп”- кажа нашата редовна читателка, која вели дека задоволство за секоја домаќинка е што во весникот секојдневно има рецепти. Таа ужива и додека ги чита страниците за уредување на домот и градината. Вера редово учествува во сите игри на среќа. Одамна, преку нашиот весник, добила пакет од Витаминка. Вели дека наградата од 8 000 денари е најголемата добивка во нејзиниот живот.