На 30. Меѓународен Фестивал на алтернативниот театар “ФИАТ 2015” во Подгорица, Црна Гора актерот Селпин Керим од Турскиот театар во Скопје беше награден за улогата во претставата “Прометеј” во режија на Дејан Пројковски.

Актерот Керим го играше главниот лик, улогата на “Прометеј” во истоимената претстава од Есхил, а Турскиот театар учествуваше на овој фестивал по покана на фестивалскиот совет.

Актерот од Македонија ја доби наградата во конкуренција на 11 претстави, а одлуката ја донесе меѓународното жири во состав Соња Вукичевиќ, кореограф од Србија, претседател, продуцентот Франко Унгаро од Италија и актерот Мирко Влаховиќ од Црна Гора.