Реваншот од 1/2-финалето на Купот на Чешка, меѓу Славија и Сигма од Оломоуц во Прага е прекинат поради дивеење на домашните навивачи. Средбата е прекината на почетокот на второто полувреме, при резултат 1:1, кога околу 1.000 навивачи на Славија втрчаа на теренот.
Навивачите на овој начин протестираа поради лошата работа на управата на клубот, големите долгови и лошите резултати. Полицијата мораше да интервенира и пред стадионот, кога спречи навивачите да влезат во клупските простории.
Славија им должи на играчите неколку месечни плати и поради тоа и се закануваат низа санкции, меѓу кои и можноста за исфрлање во Втората лига.
Прашкиот клуб поради инцидентот најверојатно ќе биде казнет, така што натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 3:0 за Сигма.