x

Навивачите одлучија: Ристовски и Жута во тимот на деценијата на Ријека!

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута се во тимот на деценијата на НК Ријека, и тоа според гласањето на фановите на овој клуб. Ова важи за периодот од 2010 до 2020 година. Ристовски е на местото десен бек, а Жута на левата бековска позиција, значи бековите во тимот на деценијата се македонските репрезентативци.

Да се потсетиме дека Ристовски во Ријека играше од 2015 до 2019,  а Жута исто така од 2015 до 2019 година. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата