На синоќешниот меч помеѓу Шалке и ПАОК, во рамките од плеј-офот во Лигата на шампионите на трибините во Гелзенкирхен се развиори знамето од Кутлеш.

Токму овој момент предизвика инцидент на трибините. Имено, грчките делегати кога го виделе знамето побарале да биде тргнато, па полицијата морала да интервенира. Секако, ова не им се допаднало на фановите на Шалке, па навивачката група УГЕ застанала во одбрана на знамето, објавија неколку германски медиуми.

Како резултат на тоа, 50-тина навивачи биле хоспитализирани.

Инаку познато е дека навивачките групи на Шалке и нашите Комити се збратимени, па често пати кога германскиот тим игра на домашен терен покануваат неколку членови на македонската навивачка група.

Според пишувањата на германските медиуми навивачите на Шалке со ова знаме сакале да ги испровоцираат навивачите на ПАОК.

Дуелот помеѓу Шалке и ПАОК заврши без победник 1:1.

ФОТО: МИНА

kurir.mk