x

Навивачите на Шалке со сериозни закани за родителите на голманот Нибел

Родителите на голманот на Шалке,  Александар Нибел , кој на крајот на сезоната ќе се пресели во Баерн, информираа дека почнале да добиваат закани.

Навивачите на Шалке им се заканиле на родителите на играчот поради неговиот гест да го напушти клубот и да замине во редовите на шампионот. Семејството на Нибел, кое живее во близина на Падерборн, реши да го напушти домот и да замине во викендица.

Во јануари, Баерн Минхен објави договор со голманот на Шалке 04, кој ќе почне од 1 јули 2020 година. Договорот на Нибел со баварвите е на период од 5 години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата