x

Навивачите на Рома распалија по играчите и тренерот: „Кога ќе заиграте како мажи?“

Рома се посрамоти во дуелот со Удинезе, загуби на домашен терен со 0:2 и како што стојат работите нема да играат во европските купови идната сезона. Разочарувањето кај навивачите е големо и после поразот жестоко удрија по тренерот и по играчите на социјалните мрежи.

Тим без идеја, без личност, без атрибути… Па добро бе играчи, кога ќе почнете да се однесувате како мажи?“, беше еден од коментарите.

Видов група на бесмислени играчи, без злоба и без бес на теренот. Група на играчи кои никогаш не би ги ставил во тим. Ме натера да ја изгубам желбата да ја гледам Рома, ова е најсрамниот пораз“, напишал Матео.

Проблемот е во мене што се уште ве гледам како играте. Изгубивме од Удинезе, тим кој немаше победа во продолжението на првенството. Немаше игра, немаше баланс, ниту желба за победа. Сезоната е завршена. Досега го бранев тренерот, но тој нема веќе изговори. Тотално се изгуби и почна да не знае што прави. Пероти никогаш не игра како централен играч од средниот ред, играат Калиниќ во нападот, и Дијавара кои се бавни и надвор од форма. Да не го спомнувам Бруно Перес. Па добро бе, што е со него? Фонсека ги испушти конците. Го видов по вториот гол на Удинезе со збунет поглед. Како да не знае каде се наоѓа“, пишува Лука.

Неизвежно се појавува полемика кој управува со тимот:

Играчите кои ги купи спортскиот директор се суспендирани, како и обично во тимот владее хаос. Секоја година иста приказна со Палота. Го продава овој клуб за 575 милиони евра, а според мое мислење, од тоа што го гледам, не вреди ни половина од таа сума“, ригорозен е Дарио.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата