x

Навивачите ги испратија фудбалерите со порака: „Игравте со срце, Македонија е со вас“

Македонската фудбалска репрезентација денеска замина за Тбилиси каде утре не очекува најважниот натпревар досега – битката за Европско! На аеродромот во Скопје, дел од најверните навивачи на нашиот национален фудбалски тим ја искористија шансата уште еднаш да ги поздрават нашите фудбалери и да им порачаат дека цела Македонија стои зад нив пред утрешниот настап.

„Игравте со срце, Македонија е со вас“ е паролата која се појави пред автобусот со кој репрезентатѕивците стигнаа пред аеродромската зграда.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата