На аеродромот во Скопје било приведено лице од Косово кое се обидело да ја напушти државата приложувајќи фалцификувана патна исправа и лична карта, а при проверка на багажот била пронајдена и фалцификувана возачка дозвола на негово име за кои изјавил дека ги набавил од лице во Косово.

На 12.12.2020 во 11,45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници бил приведен Л.К.(20) од Р.Косово бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани, а при извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица,Р.Косово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделениети за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.