Здравствената администрација и административно- техничкиот персонал денеска излезе на штрајк пред Министерството за здравство и здравствените установи низ Македонија.

Здравствената администрација и административно- техничкиот персонал велат дека се изманипулирани од страна на министерот за здравство д-р. Венко Филипче и здравствениот синдикат, за зголемување на нето платата.

-До кога административно- техничкиот персонал ќе биде дискриминиран и манипулиран, бидејќи и овие вработени имаат семејства и се борат за опстанок- се запрашуваат од Независниот синдикат на административно- техничките работници.

Велат дека доколку не се исполнат нивните барања, како што се договориле со Министерот за здравство, Венко Филипче, протестите ќе се прошират на ниво на целата земја.