x

Му се може: Лука Јовиќ се спаси од затвор, откако плати милиони…

jovic-napoli

И дефинитивно Лука Јовиќ нема да заврши во затвор поради непочитување на карантинот пред неколку месеци. Да потсетиме дека тој во време на вонредната состојба не ја почитуваше истата, и затоа државата Србија него го тужеше. Постоеше голема опасност фудбалерот на Реал Мадрид и напаѓачот на репрезентацијата на Србија да заврши дури и во затвор, и тоа неколку години, но сепак се спаси од најлошто. Му се може на Лука, така е кога има пари.

Како што јавуваат медиумите од Белград, тој со судот се спогодил да плати 3,5 милиони динари и тоа во хуманитарни цели, па така сега Лука нема да оди во затвор. Му се одложува кривичното гонење, но затоа ќе мора во рок од месец дена да ги уплати тие пари.

Да кажеме и тоа дека пред извесне време фудбалерот не сакаше ниту да слушне да плати пари, но притиснат од можното отслужување на затворска казна, едноставно беше “натеран“ на ваков потег.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата