x

Му завршува договорот: И Алими на излезна врата од Шкендија!?

Раководството на актуелниот шампион во летниот преоден рок ќе има доста работа. Имено по Бесарт Ибраими и Гледи Мици, на уште еден клучен играч во тимот му завршува договорот со Шкендија. А тоа е Арменд Алими, главниот „конструктор“ на играта на тетовскиот тим и еден од најдобрите играчи во нашата елитна лига.

Алими, исто како и Ибраими и Мици, најверојатно ќе ја чека најдобрата понуда ова лето, па дури тогаш ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Челниците на Шкендија ова го знаат, но се уште официјално не се знае дали тетовци ќе му понудат на повремениот репрезентативец нов договор.

Да се потсетиме дека Алими во Шкендија дојде во јули 2014 година, неговиот трансфер беше меѓу првите големи трансфери на Еколог, кој дојде во клубот во летото 2013 година.

Сега на потег е Шкендија. Во случај да не се преземе нешто, тогаш Алими, Ибраими и Мици нема да играат за „црвено – црните“ следната сезона, а со тоа Шкендија ќе биде драстично ослабена.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата