Младиот човек сака да заштеди, бидејќи се плаши дека ќе остане без работа поради пандемијата на коронарниот вирус

Запросувањето е убав и возбудлив момент, но не секогаш има среќен крај дури и да каже девојката „да“. Момче од САД, имал токму едно слично искуство, но причината поради која неговата приказна која засега нема среќен крај е бизарна.

Имено неговата девојка, потоа вереница му се налутила затоа што прстенот кој и го дал бил премногу евтин и истиот му го вратила. Таа тоа го дознала откако нејзината мајка која долго работела во златарница препознала дека прстенот нема голема материјална вредност, а девојката поради тој факт веднаш се налутила.

Тој вели дека таа побарала од него дека требало да потроши најмалку 10 проценти од годишната заработка за прстенот.

Во тој момент се нашол во небрано и признал дека не сакал да потроши повеќе од 3.000 долари бидејќи се плаши дека може да ја изгуби работата поради пандемијата и затоа сакал да заштеди, додека таа сакала прстен од најмалку 5.000 долари.

Сепак, на социјалните мрежи тој наиде на голема поддршка.

Една корисничка вели дека цената не е важна, таа добила семеен прстен, но таа сепак е среќна. Додека другите му велат дека сигурно не треба да троши многу пари бидејќи ова се кризни времиња. Трети коментираат дека важно е што прстенот симболизира, а не цената на истиот.