синот на американскиот претседател Доналд Трамп јуниор се согласува со предлогот американските војници стационирани на Косово да се вратат во САД.

Се согласувам. Во Косово има 650 војници. Време е да ги вратиме дома, напиша синот на Трамп на Твитер.

Идејата за повлекување на американските војници ја даде сенаторот од Џорџија, Дејвид Пердју кој смета дека Косово не ги исполнува своите обврски и не е посветено на изнаоѓање решение на спорот со Србија.

Во изминатите две децении американските трупи придонесоа за враќање на мирот меѓу Косово и Србија. Сега кога е на повидок историски напредок, Косово мора да направи исчекор и да ги повлече сите такси кон Србија. Ако Косово не е целосно посветено на мирот, тогаш САД треба да го преиспита своето присуство таму проценува Пердју.

Сугестијата на Пердју може да се заклучи дека ја прифаќа и медијаторот во преговорите Ричард Гренел кој на својот профил го споделил неговиот твит.

Токму Гренел на косовските власти им предочи дека без да ги укинат царините кон Србија, нема да може да продолжат разговорите за конечно решение на спорот меѓу Приштина и Белград.

Во замена на отстапката која би ја направила Владата на Косово, српските власти ќе треба да ја прекинат кампањата за отповикување на признавањето на неговата независност.