Акционерите во државата полека но сигурно ја враќаат довербата во финансиските институции на државата. Ова го покажува истражувањето од пред еден месец меѓу 250 илјади акционери во земјата. Највисоко на скалата на доверба е централната монетарна власт, осносно НБРМ на која и се верува за 10 насто повеќе од лани. Или од 51 процент во 2004 довербата стасала на 61 отсто во 2005 година. Кај Финансиската полиција порастот на довербата е од 35 отсто лани до 43 отсто годинава, а во пазарот на капитал веруваат за 6 насто повеќе акционери, односно на Македонска берза на долгорочни хартии од вредност од 50 насто од акционерите сега и веруваат 56 насто. Истражувањето затоа пак покажува намалување на степенот на доверба кон судиите и Синдикатот во Република Македонија.
Степенот на доверба кон големите македонски компании опаѓа од 39 отсто во 2004 на 35 отсто во 2005. Ова е на сметка на зголемувањето на степенот на довербата во малите и средни претпријатија во Република Македонија, од 38 на 4 отсто. Собирањето на информации беше изведено од Стратеџик Маркетинг и Медиа Ресрч Институт (СММРИ) од Скопје. (В.Ц.)