Вчера во алејата на заслужните граѓани беше погребан актерот Тихомир Тика Арсиќ, а неговите најблиски не можат да се да се помират со болката.

Неговата сопруга, пејаќката Биља Крстиќ се уште не може да ја прифати загубата.

Таа објави и емотивен статус на социјалните мрежи.

Денес си замина еден важен дел од мојот живот. Со себе си однесе и дел од нашата младост и безгрижност. Нашите деца и секогаш ќе останат дел од нас. Ќе го паметиме се она што најмногу го сакавме кај тебе, напиша таа на социјалните мрежи објавувајќи и колаж на фотографии од нив двајцата.

Инаку Биља е позната по тоа што му беше драга пријателка на нашиот Тоше Проески, а имаат и многу заеднички спомени како и препеани песни.