Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф е официјално обвинет официјално за убиството на експремиерката Беназир Буто во 2007 година.
-На Мушараф ќе му се суди, изјави обвинителот Мохамед Азхар по седница на Судот во градот Равалпинди. Против Мушараф се подигнати три обвиненија – за убиство, заговор за убиство и помагање на убиство.