Сите сакаме членство во ЕУ, ама како да не го разбираат сите тоа. Јас не велам дека алтернатива е да се откажеме од преговори, но факт е дека нас ни треба консензус и агенда. Како на пример тоа е да се погледнеме и да кажеме нема реформи во правосудство, потоа има корупција, не можеме да организираме попис. Треба да ја реформираме Македонија поради нас и мора да е приоритет ЕУ, но не не смееме да потпишеме било каков документ кој не негира и лесно да се откажеме од историјата, рече Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.

Според него реформите зависат од нас и укажува дека преговорите ќе наметнат рамка и контрола, но треба сами да препознаеме што треба да поправиме и реформираме.

-Доколку дојде до вето велам ќе има импликации прво на нас, но и на регионот. Некогаш и навидум малите проекти како граничен премин Клепало за кој ние направивме се, од бугарска страна не се прави ништо, а ќе придонесе за соработка и развој. Ако сакаме добро за граѓаните ќе излеземе од дневната политика и ќе гледаме визионерски, рече Муцунски укажувајќи на актуелната ситуација поврзана со пандемијата „ние се соочуваме со сериозне медицински дебакал, а сме подолжни на шок од соседна Бугарија“.