Синоќа на Канал 5 слушнав од ЗПВРМ Царовска дека во Македонија немало МАСОВНИ отпуштања. Ве молам не ја претворајте судбината на вработените во приватниот сектор во игра на зборови, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

-Ноторен факт е дека се отпочнати отпуштања. Преземете сериозни мерки веднаш. Секој ден што доцните ќе има МАСОВНИ репрекусии!, пишува тој на Фејсбук.