Конзерватизамот и солидарноста.  Македонија на дело е сведок за искажаниот висок степен на солидарност од страна на четири држави и влади предводени токму од конзервативни партии. Во овие тешки и неизвесни времиња за сите нас, најголемата билатерална помош која Македонија до денес ја доби е од владите предводени од Премиерот Јанша, Премиерот Орбан, Претседателот Трамп и Претседателот Ердоган,  вели Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа секако не е случајност, бидејќи конзервативизмот во себе инкорпорира одговорност, хуманост, емптија и сочуство, што е повеќе од очигледно и во заедничката битка која ја водиме против ширењето на пандемијата предизвикана од COVID-19. Кон пријателите од нашите сестрински партии изразуваме посебна благодарност, бидејќи во услови кога и нивните држави исто така се соочуват со сериозни предизвици сепак издоија дел од нивното внимание и медицински ресурси и ни помогнаа. Во овие непријатни мигови, кои предизвикуваат голема неизвесност, потребно е да дејствуваме локално, национално, но и глобално и со заеднички сили да ги надминеме поделбите по било кој основ.“ истакна Муцунски

Тој вели да се надеваме дека и оваа криза наскоро ќе помине, но секако не смееме да заборавиме на искажаната хуманост и пријателство од страна на народите, кои и во оваа прилика дадоа несебична поддршка за нашата земја.

Верувам дека во битката која ја водиме против заедничкиот непријател Ковид-19 ќе пристигне дополнителна поддршка и помош и од многу други земји и поединци, на кои однапред им се заблагодаруваме и ги поздравуваме. Преку силна активност, взаемна почит и интензивна соработка во татковината и на меѓунардно ниво ќе продолжиме да дејствуваме заеднички и во интерес на граѓаните и државата, затоа што ја сакаме Македонија.

Hvala!

Köszönöm!

Thank you!

Teşekkür ederim!“ пишува Муцунски