x

Муслиу пред трансфер во руската УФА!?

visar-rusija

 

Висар Муслиу, еден од нашите најдобри фудбалери, актуелен член на најдобрата македонска репрезентација и фудбалер на МОЛ Фехервар би можел да направи трансфер во Суперлигата на Русија. Како што ексклузивно пишува порталот news-tv.mk, за услугите на Муслиу силно бил заинтересиран тимот на УФА. Имало интерес и уште од еден клуб од елитната лига на Русија, но УФА најмногу го посакувала македонскиот фудбалер. Се разбира за ова се прашува и МОЛ Фехервар со оглед на тоа дека тој се уште има договор со стоперот.

Да потсетиме дека Висар Муслиу пред точно една година, си замина од Шкендија во МОЛ Фехервар, а унгарците за потписот им платија на тетовци 400.000 евра. Исто така Муслиу порано беше член и на Вардар, Приштина, Ренова и Сент Гален.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата