x

Муслиу и Николов испуштија победа во првото полуфинале од Купот на Унгарија

Екипата на Фехервар одигра нерешено 1:1 во првиот полуфинален меч од Купот на Унгарија. Откако фудбалот се врати во оваа земја, денеска покрај првиот меч од првенството стартуваа и полуфиналните пресметли во Купот.

Фехервар како гостин на првиот меч против Мезоковед имаше шанса за победа откако водеше со 1:0 со голот на Паткаи (12’), но на десет минути пред крајот домашните израмнија и оставија неизвесноста да продолжи на реваншот кој е закажан за само три дена.

Висар Муслиу беше стартер за Фехервар, додека Бобан Николов го почна мечот од клупата кај гостите, но доби шанса да ги одигра последните 15-тина минути.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата