Капитенот на фудбалската репрезентација на Австралија, Крејг Мур (29 г.), доби отказ од Борусија од Менхенгладбах, бидејќи се појави пијан на работното место. Како што соопшти спортскиот директор на Борусија, Петер Пандер, Мур во четвртокот на тренингот дошол под дејство на алкохол, што челниците на клубот не можеа да му го простат. Австралиецот имаше договор со Борусија до јуни 2006 година, а во Бундеслигата дојде во зимскиот преоден рок од Глазгов Ренџерс. Шкотскиот клуб го отпушти, зашто минатото лето против нивна волја настапуваше за репрезентацијата на својата земја на Олимписките игри во Атина.