x

Мурињо: Хојберг „дриблаше“ како Зидан, ама нека не претерува (видео)

design-uden-navn-2020-10-23t084518

Тимот на Тотенхем обезбеди убава победа на стартот на групната фаза од Лигата на Европа совладувајќи го тимот на Ласк со домашни 3:0.

По мечот, Жозе Муруњо во свој стил го прокоментира мечот како и играта на Пјер Емил Хојберг, Данскиот интернационалец кој игра одлично сезонава.

„Одигра одличен меч, Хојберг е нашиот капитен без лента во моментов. Се покажа како одлично засилување за нас. Одлично мина неколку играчи, и на полувремето се шегувавме дека игра во стилот на Зидан. Сепак, го предупредив да не го повтори тоа, да не претерува“ – низ шега кажа искусниот стратег.

Инаку, Хојберг во тотенхем пристигна летово од Саутемптон за 16.6. милиони фунти.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата