x

Мурињо суспендиран, Тотенхем казнет

murinjo2

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е казнет од УЕФА со еден меч во аут од Лигата на Европа, додека неговиот тим ќе треба да плати 25 илјади евра поради пропуст на мечот со Антверпен кој се одигра во Белгија.

Мурињо доби глоба поради тоа што неговите фудбалери доцнеа за почетокот на вториот дел, односно истиот почна подоцна, за што директно беше обвинет Португалецот. Исто така казна ќе заработи и клубот.

Мурињо после тој натпревар не беше воопшто задоволен од играта на својот тим во првиот дел, по што направи четири измени на паузата. Тој истакна дека да би можел, би го сменил целиот тим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата