x

Мурињо со својот коментар за Лампард ги насмеа новинарите

Пред дуелот со Челзи, Жозе Мурињо на официјалната прес-конференција говореше за Франк Лампард. Португалецот му беше тренер во најдобрите години во неговата кариера.

„Мислам дека секогаш ќе имаме силни чувства еден кон друг. Вечно ќе му бидам благодарен за она што го правеше за мене како фудбалер. Ништо не може да го промени тоа. Го сакам тоа момче, се надевам дека ќе загуби денеска“.

Еден од новинарите истакна дека Челзи во последно време бележи слаби резултати, Мурињо за тоа имаше подготвено одговор.

„Пропаѓаат, но и натаму го држат четвртото место во Премиер-лигата и ќе играат осминафинале во ЛШ против Баерн. Ако е тоа пропаѓање, тогаш воопшто не е лошо“, рече Мурињо.

Дуелот меѓу Тотенхем и Челзи се игра во 17:30 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата