x

Мурињо: Со дефицитарен кадар толку можеме, Лајпциг е силна екипа

Жозе Мурињо имаше уште една разочарувачка сезона во Лигата на шампионите. Сега како предводник на Тотенхем испадна во осминафиналето. Подобар од нив беше РБ Лајпциг кој со вкупни 4:0 оди во четвртфиналето, а Тотенхем, инаку вицешампион на Европа, се враќа на домашната сцена.

За нас ова се тешки моменти. А кој е виновен – никој! Пред секој меч се соочуваме со некаква повреда. Така е цела сезона. Постојано некој е повреден. Погледнете ја клупата, погледнете кој е на теренот. Тешко е да се игра со дефицитарен кадар. Можам да критикувам некои мои фудбалери, но тоа ќе го оставам за во соблекувалната. Точно дека многу грешевме, тоа беше видливо и лут сум на некои фудбалери кои не можат да го искажат својот потенцијал во целост“, изјави Мурињо.

РБ Лајпциг е силна екипа. Ни направија многу проблеми. Физички се извонредни, дефанзивците ги добија сите дуели со нас и исто така се брзи во нападот. Заслужија да одат понатаму“, додаде Португалецот кој вели дека не е потребна летна реконструкција на Тотенхем.

Не мислам дека на Тотенхем му треба драстична реконструкција. За идната сезона ќе ги имаме Сисоко, Кејн, Сон, Бергвајн, Дејвис… Тие се повредени и штета што не можат да му помогнат на тимот во моментов“, рече Португалецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата