x

Мурињо со втор пораз по ред: „Лисиците“ го изедоа Тотенхем (ВИДЕО)

lester-totenhem-vardi-1024x683

Џејми Варди погоди од пенал во судиското надополнување од првиот дел, а потоа автогол на Алдервирелд за пораз на Тотенхем од Лестер на домашен терен од 0:2. Лестер погоди уште еднаш, но голот им беше поништен по преглед на ВАР снимката. Со тоа Тотенхем полека губи „здив“ во битката за врвот, иако и натаму е тука, во битка меѓу најдобрите.

Овој пат Жозе Мурињо мора да признае дека Лестер беше подобар и поснаодлив противник и дека заслужено победи. Но, од минатото е познато дека Португалецот нема така лесно да го признае поразот. За него ова беше втор пораз во краток период, откако во средата загуби од Ливерпул со 2:1 на „Енфилд“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата