Контроверзниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, продолжи со својата добро позната тактика, да ја обвинува судиската тројка за секој неуспех на неговиот тим.

Иако во вонредното, 23. коло од англиската Премиер лига, за противник го имаа “фенерџијата”, тимот на Хал Сити, избраниците на португалскиот стручњак не го пронајдоа патот до противничката мрежи и на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод.

Сепак, вистинското шоу започна по натпреварот, кога Мурињо влезе во вербална војна со новинарот на ББЦ, кој побара од Португалецот мислење за арбитражата на главниот судија, Мајк Џонс.

Ако не ја познавате фудбалската игра, тогаш не смеете да имате микрофон во раката. Навистина не знам зошто ми поставувате такви прашања од стартот на сезоната. Да бев на твое место, немаше да поставам такво прашање, само ќе седнев и ќе напишев за тоа што го видов. Ќе пишував за се што му се случува на Јунајтед на секој натпревар. Ако не на секој, тогаш на секој втор натпревар. Ако зборам, тогаш ќе бидам казнет, а не сакам да бидам казнет. Мора да ја кажете вистината, а не да ми поставувате прашања на кои не можам да дадам одговор. Вистината? Добро! Јунајтед не заслужи повеќе од еден бод, изјави португалскиот стручњак.

Резултати:
Бурнемаут – Кристал Палас 0:2
Арсенал – Ватфорд 1:2
Барнли – Лестер 1:0
Мидлзбро – ВБА 1:1
Сандерленд – Тотенхем 0:0
Свонси – Саутемптон 2:1
Ливерпул – Челзи 1:1
Вест Хем – Манчестер С. 0:4
Манчестер Ј. – Хал 0:0
Стоук – Евертон 1:1

 

Табела:
1. Челзи 23 18 2 3 48:16 56
2. Тотенхем 23 13 8 2 45:16 47
3. Арсенал 23 14 5 4 51:25 47
4. Ливерпул 23 13 7 3 52:28 46
5. Манчестер С. 23 14 4 5 47:28 46
6. Манчестер Ј. 23 11 9 3 33:21 42
7. Евертон 23 10 7 6 34:24 37
8. ВБА 23 9 6 8 31:29 33
9. Стоук 23 7 8 8 29:35 29
10. Барнли 23 9 2 12 25:33 29
11. Вест Хем 23 8 4 11 29:40 28
12. Саутемптон 23 7 6 10 23:28 27
13. Ватфорд 23 7 6 10 27:39 27
14. Бурнемаут 23 7 5 11 32:41 26
15. Мидлзбро 23 4 9 10 19:26 21
16. Лестер 23 5 6 12 24:38 21
17. Свонси 23 6 3 14 28:52 21
18. Кристал Палас 23 5 4 14 32:41 19
19. Хал 23 4 5 14 20:47 17
20. Сандерленд 23 4 4 15 20:42 16